НАЈФАТАЛНАТА ПЕСНА ВО СФРЈ Многумина се самоубија, Тито ја забрани (ВИДЕО)
Така било сè додека Јованка Броз не ја нарачала на една прослава десет години подоцна, а потоа Нада Мамула ја отпеала за сопругата на претседателот на СФРЈ, пишуваат локалните медиуми.
Композиторот Драгиша Недовиќ ја компонираше, според многумина, најтрогателната песна во поранешна СФРЈ, која од самиот почеток беше проследена со зли судбини.
Имено, тој ја напишал песната „Pluća su mi bolna“ (Белите дробови ми се болни) кога заболел од туберкулоза, а за прв пат ја снимил Заим Имамовиќ во 1950 година. Толку сугестивно ја имал отпеано што луѓето, како што се пишувало, извршиле самоубиство откако ја слушнаа оваа песна.
Поради овие трагедии, ЦК по инструкции на Јосип Броз Тито донел одлука плочата со оваа песна да се повлече од продажба, а исто така да се забрани изведбата на песната.
Така било сè додека Јованка Броз не ја нарачала на една прослава десет години подоцна, а потоа Нада Мамула ја отпеала за сопругата на претседателот на СФРЈ, пишуваат локалните медиуми.
Драгиша Недовиќ се закрепнал од туберкулозата, но повторно имаше проблеми со здравјето. Срцевите проблеми започнале во 1959 година, а седум години подоцна починал од срцев удар.