На фановите не им се допаѓаат суканиците на Џастин Бибер (ФОТО)

Пејачот и во 2016 се соочи со жестоки критики затоа што носеше суканици на доделувањето на музичките награди „iHeartRadio“.

471

Пејачот Џастин Бибер на Инстаграм се пофали со новата фризура, сега има суканици, но ваквата промена на имиџот не ги воодушеви неговите фанови.

Имено, неговиот нов имиџ не им се допаѓа на дел од неговите фанови кои го обвинија за присвојување и искористување елементи од маргинализирани култури.






„Џастин, душо, мораш да сфатиш дека, за да ги поддржиш Афроамериканците и движењето против расизмот, мораш да бидеш кохерентетн со она што го заговараш. Тоа значи дека не треба да присвојуваш култури, суканиците не изгледаат добро на тебе“, напиша една од неговите следбенички на Инстаграм.

Пејачот и во 2016 се соочи со жестоки критики затоа што носеше суканици на доделувањето на музичките награди „iHeartRadio“.

Набрзо после тоа ја скрати косата, но не ги коментираше нападите.

Поврзани содржини