НА ЕВРОПА Ѝ ТРЕБА НОВА ЕНЕРГИЈА ШТО МОЖЕ ДА ЈА ДОНЕСЕ ЗАПАДЕН БАЛКАН Унгарија е за интеграција на суверени национални држави, а не за „Обединети европски држави“
На форум посветен на Балканот, Сијарто, зборувајќи за енергијата, им се заблагодари на Србија, Бугарија и на Турција за сигурната транзитна соработка во снабдувањето со гас.
Европската Унија го изгуби своето влијание во светот поради премногу идеолошки обоената политика на Брисел и потребна ѝ е нова енергија, која може да ја донесат земјите од Западен Балкан, оцени министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто.
На форум посветен на Балканот, Сијарто, зборувајќи за енергијата, им се заблагодари на Србија, Бугарија и на Турција за, како што изјави, сигурната транзитна соработка во снабдувањето со гас. Тој оцени дека Европа мора да обезбеди дополнителни количини енергија.
– За Европа да има доволно енергија, руските испораки мора да се вратат на европскиот пазар – рече Сијарто.
Зборувајќи за иднината на ЕУ, тој истакна дека Унгарија ја поддржува интеграцијата заснована на суверени национални држави, а не создавањето на „Обединети европски држави“.
Сијарто предупреди дека укинувањето на правото на вето би значело откажување од дел од националниот суверенитет.