📷 НА ЌЕРКАТА НА ХАРИС И МЕЛИНА УКАЖАНА ИТНА ПОМОШ Џина Џиновиќ заврши на инфузија, еве што се случува во вилата во Сењак

Џина Џиновиќ објави вознемирувачка фогографија, со која ги загрижи своите многубројни следбеници на Инстаграм.

2,921

Пејачот Харис и модната дизајнерка Мелина Џиновиќ одлучија да стават точка на бракот и се разведоа по 22 години љубов.

Харис и Мелина Џиновиќ ја започнаа својата емотивна врска во 2002 година и добија две деца, синот Кан и ќерката Џина, а се венчаа 12 години подоцна.






Имено, нивната ќерка Џина Џиновиќ, која исто така е активна на социјалните мрежи, се огласи денеска на својата инстаграм-приказна од луксузната вила во Сењак и покажа дека завршила на инфузија, како и дека е добро згрижена.

Џина Џиновиќ привлекува внимание каде и да се појави, а нејзината последна објава на Инстаграм предизвика општ хаос на социјалните мрежи каде е многу активна

Со оглед на тоа дека Џина е многу популарна меѓу помладите генерации и има многу следбеници на социјалните мрежи, таа загрижи многумина, па коментарите за поддршка само се нижеле, а се чини дека во прашање бил само пад на имунитетот.

Инаку, љубовната приказна на Харис и Мелина започна во 2002 година, кога дизајнерката беше трета година на студии. Нивните емоции веднаш се разгореа, а иако не сакаат да зборуваат за приватниот живот, Харис во едно од ретките интервјуа призна дека „едноставно се нашле“.

 

Поврзани содржини