НА ЌЕРКАТА Ѝ ДАДЕ УНИКАТНО ИМЕ Се породи пејачката Александра Пријовиќ

Породувањето поминало во најдобар ред, а мајката и бебето се одлично, пишуваат српските медиуми.

124

Пејачката Александра Пријовиќ денес се породи во една приватна клиника во Белград. Александра и сопругот Филип Живојиновиќ добија ќерка.

И мајката и бебето се чувствуваат добро, а по породувањето пејачката е сместена во луксузен апартман.






Гордите родители својата наследничка ја крстија Ариа.

Породувањето поминало во најдобар ред, пишуваат српските медиуми.

Името Ариа има повеќе значења: во персиското говорно подрачје и во Индија се преведува како „благородно“, „чесно“ или „чисто“, а во Европа е познато како женско италијанско име и се преведува како „воздух“ или „зрак“.

 

Поврзани содржини