На „Емирејтс Ерлајнс“ ќе и требаат 4 години да ги обнови летовите

Авиокомпанијата со седиште во Дубаи, сообраќаше на 157 дестинации во 83 земји пред да ги приземји своите авиони во март, нудејќи оттогаш ограничени услуги.

565

Претседателот на „Емирејтс Ерлајнс“, Тим Кларк изјави денеска дека на авиокомпанијата ќе и бидат потребни четири години за да ја обнови мрежата на летови, која е речиси уништена поради пандемијата на новиот коронавирус.

– Веројатно во текот на 2022/23 и 2023/24 година ќе знаеме дали работите во извесна мерка се вратени во нормала и тогаш ќе биде познато дали „Емирејтс“ успешно работи со мрежа на летови како претходно – истакна Кларк.






Авиокомпанијата со седиште во Дубаи, сообраќаше на 157 дестинации во 83 земји пред да ги приземји своите авиони во март, нудејќи оттогаш ограничени услуги.

Поврзани содржини