НАЌЕ И ИЏЕТ СЕ ДОКАЗ ЗОШТО ТРЕБА ДА СЕ РАСПУШТИ СУДСКИОТ СОВЕТ Колку ли неправди нанеле, прашува ВМРО-ДПМНЕ

И Наќе Георгиев и Иџет Мемети одлучувале за судии и обвинители, унапредувале и санкционирале. Какви се постапките кои овие двајца корумпирани функционери ги влечеле и уште колку неправди нанеле?, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

346

Наќе Георгиев и Иџет Мемети се пример зошто е потребно распуштање на Судскиот и Советот на јавни обвинители. Едниот близок до Заев и до Филипче, другиот до Ахмети, реагира ВМРО-ДПМНЕ откако двајцата се спогодија со судот и им беа изречени казни.

„Наќе Георгиев кој призна вина дека примил поткуп за да ублажи казна затвор, во време на СДС и ДУИ од обичен судија стана Врховен судија и член на Судскиот совет. Додека тој растеше во судската хиерархија судија стана и неговиот син, а сопругата му е јавен обвинител. Наќе Георгиев ја злоупотребил позицијата се впуштил во штелување на судски пресуди. Иџет Мемети беше заменик претседател на Советот на јавни обвинители за време на СДС и ДУИ, тој му помогнал на Наќе Георгиев да издејствуваат помала казна за Боро Марлборо. И Наќе Георгиев и Иџет Мемети одлучувале за судии и обвинители, унапредувале и санкционирале. Какви се постапките кои овие двајца корумпирани функционери ги влечеле и уште колку неправди нанеле?“, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму додаваат дека корумпираноста која ја видовме преку Наќе Георгиев и Иџет Мемети е причината зошто е потребно распуштање на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители, зашто само така, велат, ќе се врати вербата на народот во судството.

Наќе Георгиев никогаш не стана член на Судскиот совет на Република Северна Македонија. Тој беше избран за член на Судскиот совет од страна на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија но по реакција токму од членовите на Судскиот совет, Наќе Георгиев поднесе оставка пред да даде свечена изјава во Сообранието на Република Северна Македонија, појасни денеска Судскиот совет.

Поврзани содржини
na