НА ДВАЈЦА ПАЦИЕНТИ ИМ Е ВЛОШЕНА СОСТОЈБАТА Денеска ќе излезат петмина од скопските болници

Сè уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и во животно загрижувачка состојба, кои беа повредени во пожарот во Кочани, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

3,324

Четири пациенти кои се лекуваат по пожарот во Кочани се критични, а кај двајца повторно е влошена состојбата. Сè уште има и интубирани пациенти во тешка, но не и во животно загрижувачка состојба, соопшти министерот за здравство Арбен Таравари.

Надвор од државата се лекуваат 89 пациенти, од кои двајца ќе се вратат од Литванија и од Шведска. Тие најпрво ќе бидат примени и прегледани во домашните болници од каде биле и испретени, според протоколот ќе бидат задржани 24 часа, а потоа ќе бидат пуштени дома.






За утре нема најава за враќање на други пациенти од странство, но во понеделник сигурно ќе се вратат 5, истакна министерот.

– Од хоспитализираните во Скопје, 6 се во Клиничкиот центар, 6 во Градската болница и 5 во ГОБ „8 Септември“, додека четворица се во приватните клиники. Од нив, за денеска има 5 исписи на пациенти кои се во подобра состојба и ќе одат на домашно лекување –  информираше министерот Таравари.

Поврзани содржини