НА ДУИ НЕ Ѝ ЦВЕТААТ РОЗИ, АМА ЗАТОА ВО МЕПСО ЌЕ ЦВЕТААТ ЗА 15.000 ЕВРА?! Партијата жестоко го обвинува новиот директор Бурим Љатифи
ДУИ изрази сериозни обвинувања кон директорот на МЕПСО, Бурим Латифи, за трошење на средства на хортикултурно уредување наместо за подготовки за зимската сезона.
Демократската унија за интеграција (ДУИ) остро ги критикуваше работењето на МЕПСО и на неговиот директор Бурим Латифи, наведувајќи дека тој неодговорно потрошил над 1.000.000 денари или 15.000 евра за хортикултурно уредување. Станува збор за купени калемени рози по 9.000 денари за парче.
„Денеска сме тука да ја известиме јавноста за несовесното работење на МЕПСО и нивниот директор Бурим Латифи, кадар на партијата на Изет Меџити и негов прв братучед, кој, наместо да го подготви електроенергетскиот сектор за престојната зима, реализира тендери за хортикултурно уредување, или народски кажано, купува цвеќиња за сума од над 1.000.000 денари“, се наведува во изјавата на претставник на ДУИ на прес-конференција.
ДУИ истакнува дека новиот директор е братучед на Изет Меџити.
ДУИ ги повика институциите да реагираат веднаш и најави дека ќе ги следи на дневна основа „сите нелегитимни узурпатори на институциите во нивното работење“ и дека ќе известува надлежните органи за сите злоупотреби.