НА ДРАГИ РАШКОВСКИ МУ Е УКИНАТ КУЌНИОТ ПРИТВОР Доставил гаранција од 193.000 евра во недвижнини

Решението е неправосилно, обвинителството има право на жалба, и ако жалбата не се прифати, Рашковски ќе биде слободен и ќе го чека исходот на Апелацискиот суд за неговата жалба за пресудените 8 години затвор.

148

На поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски мерката куќен притвор му се укинува, откако тој достави гаранција во вредност од 11.868.762 денари (193.000 евра) во недвижен имот, соопшти Кривичниот суд.

„Крвичниот совет на Одделението за организиран криминал и корупција постапувајќи по предлог за укинување на мерката – Куќен притвор за осудениот Д.Р, донесе решение со кое мерката куќен притвор се укинува со определена гаранција во вредност од 11.868.762 денари во недвижен имот. Станува збор за неправосилно решение за кое по добиена жалба на надлежниот обвинител и комплетирање на предметот во Законски утврдениот рок, ќе биде доставен на надлежно постапување во второстепениот суд“, велат од Кривичен суд – Скопје1.






Ова решение на Кривичниот совет може да биде обжалено од обвинителствот, и ако не биде прифатена жалбата Рашковски ќе има право на слободно движење, барем додека неговата пресуда за затворска казна од 8 години не стане правосилна. Исто така и таа пресуда не е правосилна, и предметот се наоѓа пред Апелација.

Рашковски помина речиси четири месеци во домашен притвор. Тој е осуден за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

Поврзани содржини