🎥 НАЈДОВ ДУРИ И ПИВО БЕЗ ГЛУТЕН! Мет Дејмон открива како ослабел 15 килограми и го трансформирал телото за улогата на Одисеј

Мет Дејмон ја открива својата тајна за губење на речиси 15 килограми за својот лик во филмот на Кристофер Нолан, „Одисеја“ и ја достогнал тежината што ја имал додека бил во средно училиште

2,370

 

Холивудскиот актер Мет Дејмон учествуваше во подкастотот „New Heights“, кој го водат Џејсон и Тревис Келс, и ги објасни физичките промени што ги претрпел за да го отелотвори протагонистот на приказната заснована на Хомеровиот еп. Станува збор за филмот „Одисеја“, кој е напишан, продуциран и режиран од Кристофер Нолан.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by New Heights (@newheightshow)

За време на разговорот, Џејсон Келс спомена дека видел неодамнешни снимки од снимањето на кои Дејмон изгледал значително послаб и во добра физичка форма.

Мет го потврди овој впечаток и објасни дека трансформацијата била дел од директното барање од Кристофер Нолан. Според него, режисерот го замолил да изгледа „слаб, но силен“, што барало од него да тренира и да ја промени исхраната.

Мет Дејмон детално опиша како ослабел. Неговата вообичаена тежина била помеѓу 84 и 91 килограм, но за време на снимањето на „Одисеја“ ослабел на 76 килограми.

– Ослабев благодарение на едно нешто што го направив во консултација со мојот лекар: престанав да консумирам глутен. Не сум ја имал оваа тежина од средно училиште. Значи, тоа беше многу тренинг и многу строга диета- рече тој.

Актерот вели дека не го вратил глутенот во својата редовна исхрана и по филмот и дека сега се чувствува подобро.

Јас сум целосно без глутен. Најдов и пиво без глутен. Не сум јадел глутен многу долго време, не знам дали е добро или не. Значи, тоа е добар знак – рече тој.

Мет Дејмон објасни и дека веќе некое време работи со тренер кој го придружува на различни проекти и кој ја прилагодува обуката на потребите на секоја од неговите улоги.

„Одисеја“ означува нова соработка помеѓу Мет Дејмон и Кристофер Нолан, со кој претходно работеше на филмовите „Интерстелар“ и „Опенхајмер“.

Филмот е адаптација на епска поема што му се припишува на Хомер и е замислен како голема продукција. Според синопсис објавен од Universal Pictures, станува збор за „митски акционен еп снимен низ целиот свет со употреба на новата IMAX технологија“.

Покрај Дејмон, во актерската екипа се и Том Холанд, Ен Хатавеј, Зендаја, Џон Легуизамо, Роберт Патинсон, Лупита Њонго, Елиот Пејџ, Миа Гот, Шарлиз Терон и Бени Сафди.

Филмот е закажан да се појави во кината на 17 јули.

Официјалниот трејлер на филмот погледнете го подолу:

 

Поврзани содржини