НАЈДОЛГОТО ЗАТЕМНУВАЊЕ ВО ПОСЛЕДНИТЕ 33 ГОДИНИ Крвава месечина, нѐ чека уште една во ноември?
Следното затемнување ќе биде на 8 ноември годинава. А после тоа, дури на 14 март 2025 година.
Најдолгото целосно затемнување на Месечината во последните 33 години се случи викендов, помеѓу 15 и 16 мај, а тоа беше спектакл во кој уживаа луѓе од Африка и Европа сѐ до Пацификот. Милиони луѓе имаа шанса да погледнат нагоре и да видат како светлиот диск на Месечината полека се затемнува и станува црвен додека се покрива во сенката на нашата планета, пишува ИФЛ Наука.
За време на тоталното затемнување, кое траеше неверојатни 84 минути и 53 секунди, Месечината ја доби својата карактеристична црвена боја и стана „крвава“. Зошто е тоа така?
View this post on Instagram
Црвенилото се должи на сончевата светлина која се филтрира низ атмосферата на Земјата сакајќи да пробие во вселената. Всушност, секојдневно црвената светлина се расфрла наоколу како и сината светлина, така што небото изгледа сино во текот на денот, но црвено на изгрејсонце и зајдисонце. Но, само кога има целосно затемнување таа црвена светлина можеме да ја видиме како ја бои инаку црната сенка на Месечината.
Следното затемнување ќе биде на 8 ноември годинава. А после тоа, дури на 14 март 2025 година.