НАЈДОБРИТЕ СЕРИИ НА ЕДНО МЕСТО Ексклузивно на каналите Суперстар гледајте драми, комедии, трилери

Каналите Суперстар се дел од понудата на сателитската телевизија Мсат на Мтел Македонија која што е достапна за користење секаде низ државата и по промотивни услови.

877

Регионалната телевизиска продукција последниве години доживува вистинска ренесанса. Десетици нови серии кои раскажуваат извонредно добро скроени приказни олицетворени од најквалитетните актери од Балканот изминатиов период ја освоија регионалната публика преку каналите Суперстар, во најголем дел благодарение на влезот на Телеком Србија во областа на продукција на врвна играна програма.

Љубителите на квалитетните телевизиски серии во ударните часовите на каналот Суперстар уживаат во разновиден репертoар – драми, комедии, трилери, па дури и некои нови жанрови како што се сериите „Калкански кругови“, „Долг кон морето“, „Пејачка“…






– Крими-драмите „Беса“ и „Убиецот на мојот татко“, интригантните „Државен службеник“ и „Тајкун“, „Црна свадба“, во последните две една од улогите толкува и Тони Михајловски, забележаа успех и рекордната гледаноста при прикажувањето на првите сезони. Токму поради тоа на големо задоволство на телевизиските сладокусци добија и продолжување. Втората сезона на „Беса“, од чија актерска екипа дел е и македонската актерка Камка Тоциновски, премиерно се прикажува на Суперстар, додека „Убиецот на мојот татко“ петта сезона бележи висока гледаност. Оваа пролет ги очекуваме и продолженијата на веќе потврдените хит серии како „Државен службеник“ во која што главната улога ја толкува Милан Мариќ, потоа „Клан“, „Мочуриште“, „Тајните на виновата лоза“ и „Блок 27“ – велат од компанијата.

Неодамна во интервју за МИА генералниот директор на Телеком Србија, Владимир Лучиќ, истакна дека компанијата има долгорочен план да ја поддржува регионалната продукција и на своите корисници да им пружи ексклузивна понуда од серии.

– Имаме јасна стратегија за вложување во ексклузивна драмска и филмска програма која што се емитува на нашите канали Суперстар 1 и 2 и тоа повеќекратно ни се исплатеше. Атрактивна сериска програма, во која што учествуваат регионални актери, кои што се снимаат на регионални локации и во кои што се обработуваат теми кои на сите нам овде ни се блиски, направија овие канали во рекорден рок да се искачат на самиот врв според гледаноста. И гледачите во Македонија во иднина ќе може да уживааат во такви содржни, во кои што Телеком Србија се појавува како продуцент – истакна Лучиќ во интервјуто по повод почетокот со работа на МТЕЛ во Македонија.

Каналите Суперстар се дел од понудата на сателитската телевизија Мсат на Мтел Македонија која што е достапна за користење секаде низ државата и по промотивни услови.

 

Поврзани содржини