Најдобриот доктор за ковид-19 ја објаснува ниската стапка на смртност во Хонг Конг: Лекување веднаш и рана хоспитализација!

Д-р Јуен, професор на Универзитетот во Хонг Конг 15, прима пациенти со лесна клиничка слика, за да можат да бидат изолирани, следени и третирани доколку е потребно. Идејата е што помалку да завршат на интензивна нега.

3,843

Најдобриот лекар кој се справува со пандемијата на ковид-19 во Хонг Конг гледа излез од праксата илјадници пациенти да завршуваат на интензивна нега – на прво место, не треба воопшто да се дозволи да се најдат таму!

По отрезнувачките искуства пред 17 години, со појавата на тежок акутен респираторен синдром, д-р Јуен Квок-Јунг сега заговара рана, агресивна хоспитализација и лекување веднаш, за да се минимизираат разорноста на болеста и смртта. Стапката на смртност од ковид-19 во Хонг Конг, од 2 отсто заклучно со петокот, е далеку под глобалниот просек. Овој резултат му дава тежина на пристапот што го заговара овој лекар, се вели во обемната статија на Блумберг.






Д-р Јуен, професор на Универзитетот во Хонг Конг, прима пациенти и со лесна клиничка слика, за да можат да бидат изолирани, следени и третирани доколку е потребно.

– Во земји како Велика Британија и САД, ако имате благи симптоми, воопшто не ве примаат во болница. Само чекате дома додека не се почувствувате многу лошо или додека не добиете отежнато дишење. Но, ние во основа ги примаме сите пациенти, дури и без многу симптоми, во болница за изолација – вели тој.

Оваа стратегија го намалува ширењето на заразата во заедницата и им овозможува на пациентите да влезат во клинички испитувања и да добијат експериментален третман веднаш откако ќе развијат треска или други знаци на влошување на болеста.

– Тоа е критично, затоа што количината на вирусот САРС-CoV-2 или „вирусното оптоварување“ кај пациентите достигнува максимум од времето кога се појавуваат симптомите, слично како и кај грипот. Знаеме дека еден лек не е доволен, затоа што сите постоечки се скромно активни. Потребна ни е рана коктел терапија, за да добиеме добри резултати – објаснува Јуен.

Некои лекари надвор од Хонг Конг се согласуваат со пристапот на Јуен.

– Раното користење антивирусни лекови може да го потисне вирусното оптоварување и да спречи сериозна хиперинфламаторна реакција кај некои пациенти во втората недела од болеста – вели Ричард Расел од Универзитетот во Оксфорд.

– Стратегијата на Јуен укажува на тоа како повеќе постоечки антивирусни лекови можат да бидат пренаменети и да соработуваат со имуномодулирачки лекови, за да се премости овој период додека не станат достапни заштитни вакцини – објаснува Стивен Опал, професор по медицина на Универзитетот Браун во Провиденс, Роуд Ајленд.

Ремедисивирот и дексаметазонот им помагаат на пациентите со понапредната болест, вели Ентони Фаучи, директор на американскиот Национален институт за алергија и заразни болести.

– Една работа што навистина треба да ја направиме е да интервенираме многу повеќе во раната фаза на инфекцијата, за да спречиме луѓето да имаат потреба од хоспитализација – изјави Фаучи тој во интервју за Американското здружение за бели дробови.

Поврзани содржини