НАЈДОБРА БАНКА ВО МАКЕДОНИЈА Престижната награда по шести пат заврши во рацете на НЛБ

ЕМЕА Finance e реномиран магазин кој во финансискиот свет е познат како „независен глас на финансиската заедница, нејзините клиенти и партнери“ во регионите на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка.

147

„Најдобра банка во Македонија за 2021 година“ по шести пат во рацете на НЛБ Банка. Реноминираниот магазин EMEA Finance на годинешните Европски банкарски награди (Europe Banking Awards) и ја додели наградата.

Главните критериуми според кои се доделува оваа престижна наградата се остварените финансиски резултати на банката, нејзината посветеност кон клиентите, воведувањето на иновации во работењето, особено во делот на дигитализацијата, поддршката што ја обезбедува за постигнување на одржлив развој и транзиција кон „зелена економија“, како и реализацијата на општествено одговорните проекти значајни за пошироката заедница.






– Среќни сме и особено горди што нашата банка, шеста година по ред, ја добива наградата за најдобра банка. Тоа е големо признание и верификација на нашите континуирани напори за постигнување одлични резултати во сите сегменти од нашето работење и покрај отежнатите економски текови и пазарни услови присутни во текот на цела 2021 година. Следејќи ги потребите на нашите клиенти и современите трендови во банкарството и во текот на 2021 продолживме да вложуваме во развојот на нашите производи и севкупниот квалитет на услугите, ставајќи посебен акцент на дигитализацијата, како и на обезбедување кредитна поддршка на проекти кои придонесуваат за севкупниот економски развој на земјата и истовремено ја штитат животната средина. Со голем ентузијазам и посветеност продолживме да реализираме и бројни општествено одговорни проекти, за кои ја добивме и националната награда за најдобра општествено одговорна практика за 2021 година. Како и претходните, така и најновата награда за најдобра банка во земјата, ни дава дополнителен „ветер во грб“ и мотив да продолжиме да вложуваме во развојот на нашата банка, посветени на грижата за нашите клиенти, на проширување на понудата со иновативни производи и секако многу важно, во придонесот во заедницата во која делуваме – велат во НЛБ Банка.

ЕМЕА Finance e реномиран магазин кој во финансискиот свет е познат како „независен глас на финансиската заедница, нејзините клиенти и партнери“ во регионите на Централна и Источна Европа, Блискиот Исток и Африка.

Покрај НЛБ Банка Скопје, и во Словенија NLB e добитник на престижната награда „Најдобра банка за 2021 година“ од ЕМЕА Finance.

Поврзани содржини