НАЈДЛАБОК УКРАИНСКИ НАПАД ИЛИ САМО ДЕТОНАЦИЈА? Украинците слават, Русите велат дека на Крим експлодираше муниција
Утринава пристигнаа добри вести, силна детонација во регионот Хеническ, изјави денеска Серхи Клан, советник на претставникот на воената администрација на регионот Херсон, пренесе Си-Ен-Ен.
Околу 30 лица се евакуирани од куќите близу авионската база кај селото Новофјодоровка на Крим по 12 гласни експлозии. Ова го потврди советникот на лидерот на Крим, Олег Крјучков. За руското минитерство за одбрана нема причина за славење. Експлозијата била предизвикана од детонација на авионска муниција складирана на локацијата.
Multiple explosions reported near a military airfield in Crimea. pic.twitter.com/qGGZozQ3Bk
— Kevin Rothrock (@KevinRothrock) August 9, 2022
„Се преземаат мерки за гаснење на пожарот и откривање на причините за експлозијата. Според извештајот од локацијата, не е опожарено складиштето за складирање муниција на аеродромот“, соопшти Министерството.
Од своја страна Украинците го слават најдлабокиот напад на руска територија. На видеото и сликите кои можат да се видат на интернет има многу чад.
„Утринава пристигнаа добри вести, силна детонација во регионот Хеническ“, изјави денеска Серхи Клан, советник на претставникот на воената администрација на регионот Херсон, пренесе Си-Ен-Ен.
Минатиот месец украинските власти обзнанија дека планираат голем контранапад на Крим со „милионска војска“ за кој побараа оружје од Западот. Некои аналитичари сметаат дека нападот е извршен токму со помош на оружјето со повисок дострел од досегашните испорачани системи.