На Детска е заразена докторка од Имунологија, а во Кочани од Интерното одделение
Министерот најави дека пациенти со онколошки заболувања во иднина нема да мораат да доаѓаат во Клиниката за онкологија за да примат терапија, туку тоа ќе можат да го сторат во најблиската болница.
Освен лаборантот и медицинската сестра, на Детската клиника е заразена со ковид-19 и докторка од Имунологија, а не од онколошкиот оддел, како што првично имаше сомневања. Стабилна е состојбата во оваа установа, нема нови случаи, а според епидемиолозите, претпоставен контакт е мајка на дете кое требало да биде примено на хемато-онкологија, но таа немала симптоми на болеста – одговори денеска министерот Филипче.
Во однос на новозаразените меѓу медицинскиот персонал, кај нас веќе 20 отсто од вкупниот број заболени се од здравството, тој извести дека и на Клиниката за онкологија има заболени двајца здравствени работници, Нов случаја на ковид-19 е регистриран и во кочанската болница, каде е позитивна докторка од интерното одделение, па пациентите ќе бидат отпуштени.
Новинарите денеска се интересираа, бидејќи и натаму има пораст на новоинфицирани медицински лица, дали се засилени контролите за почитување и на протоколите за заштита при работа.
– Точно е дека е позитивна и докторка на Интерно одделение во кочанската болница, но нема позитивни меѓу пациентите таму, па сомнежот е дека таа се инфицирала на друго место. А сите пациенти во оваа болница кои се на одделение, може на домашно лекуо однсовање да си одат. Во тек е увидот на Санитарниот инсекторат од каде секој ден комумицираат со сите Центри за јавно здравје. А тешко е да се каже дали здравствените работници се инфицирале на работното место. Има и такви кои не се заразиле на работа. Секако, се инсистира на почитување на протоколите за заштитната опрема кога има сомнеж дека има пациент кој е сомнителен на вирусот. Активни се и комисиите за заразни болести во во ЈЗУ во однос на ова прашање – рече Филипче.
Министерот најави дека пациенти со онколошки заболувања во иднина нема да мораат да доаѓаат во Клиниката за онкологија за да примат терапија, туку тоа ќе можат да го сторат во најблиската болница.
– Министерството за здравство работи на протокол за дистрибуција на терапија за пациенти со онколошки заболувања, кој утре треба го финализираме со директорот и стручниот колегиум на Клиниката за онкологија, за тоа кои пациенти ќе можат да ја примат терапијата надвор од Клиниката, за да не патуваат -додаде Филипче.
Протоколот бил подготвен независно од тоа што на оваа клиника има двајца здравствени работници заразени со Ковид-19.
-Двајцата работници, но тие не се поврзани со пациентите и на клиниката работата се одвива во најдобар ред, нема рестрикции, ниту посебен протокол – рече министерот.