НАЈДЕТЕ ГО ВИСТИНСКИОТ СНАБДУВАЧ СО СТРУЈА Ќе заштедите на трошоци од 10% до 30%

Според најновите анализи, промената на снабдувачот може да донесе годишна заштеда од 10% до 30%, особено ако се избере модел кој е прилагоден на реалната потрошувачка.

79

Со правилен избор на снабдувач и практикување енергетски ефикасни навики, можно е да се намалат трошоците и до 30% годишно. Ова не само што значи директна заштеда, туку и одговорен пристап кон животната средина.

Според најновите анализи, промената на снабдувачот може да донесе годишна заштеда од 10% до 30%, особено ако се избере модел кој е прилагоден на реалната потрошувачка.






Една таква компанија е ЕДС која нуди стабилност, иновации и поддршка за компаниите во нивната транзиција кон поефикасно и одржливо управување со енергијата.

Во неодамнешно интервју, главниот извршен директор на ЕДС Александар Сарџовски го објасни концептот „ЕДС како енергетски партнер, а не само снабдувач“ и истакна што е ново во работењето на компанијата.

– Иновациите што ги воведовме се насочени кон дигитализација, транспарентна комуникација, флексибилни тарифни модели и поддршка во транзицијата кон зелени извори на енергија. Во исто време, ЕДС, како дел од поголема енергетска група, има пристап до повеќе ресурси и знаење, кои ги ставаме во функција за нашите клиенти. Сакаме нашите клиенти да нè гледаат не само како снабдувач, туку како партнер кој активно учествува во нивниот развој и енергетска трансформација – вели Сарџовски.

ЕДС е дел од PPC групацијата која е една од најголемите енергетски компании во регионот на Југоисточна Европа, со вкупен инсталиран капацитет од 12,4 GW. Компанијата има силно регионално присуство – активна е во Грција, Романија, Италија, Бугарија, Хрватска и во Северна Македонија.

Компанијата на своите корисници им нуди два тарифни пакета што им овозможуваат на компаниите да го изберат најсоодветниот модел според нивниот бизнис-профил. Пакетот „Без обврски“ – овозможува плаќање по единствена фиксна цена, без долгорочни договори, со целосна месечна флексибилност. Совршен избор за компании со нестабилна или сезонска потрошувачка Долгорочен договор (12 месеци) – нуди стабилна и значително пониска цена на електрична енергија (10,49 ден/кWh), со дополнителни попусти до 3.000 денари во првите шест месеци од договорот.

ЕДС нуди снабдување со електрична енергија од 100% обновливи извори, а секој клиент добива сертификат за потекло на енергијата, валидиран според европски стандарди, особено важен за фирми што работат со странски пазари и ESG критериуми.

Дополнително, ЕДС активно инвестира во дигитални услуги, анализа на потрошувачка и едукација за одржливо енергетско управување.

Поврзани содржини