На Денот на полицијата организиран од Чулев четворица од МВР се заразени со ковид-19

3,159

Четворица од МВР кои учествувале во прославата на Денот на полицијата на 7 мај се позитивни на коронавирус, обелодени министерката за одбрана Радмила Шекеринска, во вечерашното гостување на ТВ 24.

Според неа, наспроти загриженоста што деновиве нападно ја манифестира ВМРО-ДПМНЕ за здравјето на граѓаните за да избегне избори, министерот за внатрени работи го организирал контроверзниот настан без да води сметка дека некој од учесниците ќе се зарази.

– Велите се грижете за здравјето на граѓаните, а единствено министерот предложен од ВМРО-ДПМНЕ против сите препораки направи прослава со повеќе од 50 присутни на едно место. Прво не обрука кога димна бомба заврши кај амбасадорите, буквално го загрози здравјето – вели Шеќеринска.

Поврзани содржини