НАЈДЕНО ПРИВРЕМЕНО РЕШЕНИЕ СО ХИРУРЗИТЕ Филипче на средба во ГОБ „8 Септември“

За време на средбата се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во тек на престојните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот, соопшти Мнистерството за здравство.

354

Најдено е привремено решение со хирурзите од ГОБ „8 Септември“ информира минисерството за здравство по средбата помеѓу министерот за здравство Венко Филипче со хирурзи и со директорот на болницата Христијан Костов.

– На средбата беа разгледани повеќе аспекти од состојбата, односно во ГОБ „8 Спетември“ во моментов се лекуваат 100 пациенти со ковид, па оттука и редуцираноста на бројот на хируршки одделенија, но сепак со запазување на итни случаи како малигноми и фрактури. Тие интервенции се одвиваат тековно. За време на средбата се најде привремено решение за оперативниот програм за следната недела, а во тек на престојните денови министерот со лекарите ќе разговараат и за трајно решение за предизвикот, соопшти Мнистерството за здравство.

Поврзани содржини