НАЈДЕНИ СЕ ТРИ ТЕЛЕФОНИ ВО ЌЕЛИИТЕ Вонредна контрола во струмичкиот затвор

377

Управата за извршување санкции информира дека денеска била извршена вонредна контрола во КПУ Затвор Струмица.

Контролата била спроведена од Управата и интервентен вод.

„Направени се претреси по сите спални соби во кои се пронајдени три мобилни телефони од кои 2 со непознат сопственик и еден со познат сопственик“, велат од Управата.

Телефоните се одземени и против осудениот ќе биде покренета соодветна дисциплинска одговорност.

Поврзани содржини