Најдени киднапираните булдози на Лејди Гага

Лејди Гага понуди 500.000 долари награда за тој што ќе ги најде нејзините миленици. Но не се знае дали наградата е дадена.

1,521

Најдени се двата француски булдога на Лејди Гага и вратени на претставници на пејачката, објави Би-Би-Си.

Шетачот на кучињата на Гага, Рајан Фишер, беше застрелан пред три дена од двајца мажи кои ги киднапираа кучињата од домот на Гага во Холивуд, Лос Анџелес. Фишер е во болница, а неговото семејство очекува тој целосно да закрепне.






Не се познати детали како се откриени кучињата. Според Асошиетед прес, жена ги донела во полициска станица, а претставници на пејачката ги препознале. Жената не е инволвирана и не е поврзана со киднаперите, рекла полицијата.

Лејди Гага понуди 500.000 долари награда за тој што ќе ги најде нејзините миленици. Но не се знае дали наградата е дадена.

Пејачката во моментов е во Рим каде снима филм со Ридли Скот.

Снимката од камерите покажа како еден од осомничените пука во Фишер пред да ги земат кучињата Коџи и Густав. Третото куче булдогот Мис Азија бега и подоцна е најдено од полицијата. Нападот се случил во 21.40 часот по локално време во средата.

Осомничените му се доближиле на Фишер со возило бел „нисан алтима“, излегле од возилото и побарале од Фишер да ги предаде кучињата. Откако тој одбил, бил застрелан во градите, а тие грабнале две од кучињата и избегале. Киднаперите се опишани како црнци на возраст меѓу 22 и 25 години.

Нејасно е дали кучињата на Лејди Гага биле таргетот. Засега никој не е уапсен.


 

Поврзани содржини