НА ДЕЦАТА НЕМА СО ШТО ДА ИМ СЕ ДОСТАВУВА ХРАНА Градоначалникот на Врапчиште ѝ го одзел возилото на градинката во Добри Дол

Министерството за социјална политика ги обвини општината Врапчиште и градоначалникот Исен Шабани и дека ги исклучиле греењето и струјата во матичниот објект на градинката во селото Врапчиште, кој е составен дел на училиштето.

632

Општина Врапчиште ѝ го одзела возилото на градинката во Добри Дол, па сега отежнато се доставува храната за 40 деца во овој објект, соопшти Министерството за социјална политика, демографија и млади.

Претходно, Министерството ѝ ги одзеде ингеренциите на општината за именување в.д. директор. Општината возилото го одзела истиот ден кога Министерството поставило в.в. директор на градинката.






„Министерството ги информира жителите на Општина Врапчиште, дека по извршен контролен инспекциски надзор во ЈОУДГ „Пранвера“ Врапчиште утврдено е дека Општина Врапчиште, по одземањето на ингеренциите на градоначалникот на општината во делот на именување на в.д директор на установата и по поставувањето на в.д. директор од страна на министерството, го одзела возилото од предучилишната установа. Возилото е сопственост на општината, која во јуни 2021 година ѝ го дала на градинката на користење на неопределено време. Сè до 31.01.2025 година, кога е извршена законска смена на в.д директорот, предучилишната установа го користела возилото за дотур на храна за 40 деца згрижени во објектот во селото Добри Дол. Оттогаш до денес доставата на храната во овој објект се врши отежнато со помош на приватни возила“, соопшти министерството.

Повторно, се додава во соопштението, градоначалникот Исен Шабани и Општината Врапчиште вршат грубо кршење на Законот за заштита на децата.

„Тие се основачи на градинката и се надлежни за непреченото функционирање, но во овој случај, со попречување на секојдневниот тек на работите, односно, со одземање на возило за дотур на храна, вршат груба повреда на своите овластувања, на штета на своите најмали жители на општината – децата“, соопшти министерството.

За да биде иронијата поголема, се додава во соопштението, денеска, 10.02.2025 година, од страна и со налог на општината, исклучени се греењето и струјата во матичниот објект на градинката во селото Врапчиште, кој е составен дел на училиштето.

„Освен грубо кршење на законот со последниот чин градоначалникот ги прекрши и правата на децата, согласно Конвенцијата за правата на децата“, соопшти министерството.

Поврзани содржини