Една од најпознатите водителки во поранешна Југославија, лото-девојката Сузана Манчиќ со тага се присетува на тешката ситуација во која се нашла откако во 2005 година во јавноста излезе нејзината домашна секс-снимка.
Тогаш, снимка на која се гледа како Манчиќ води љубов со поранешниот сопруг предизвика вистинска бура во јавноста.
Никогаш не се дознало кој ја објавил домашната секс-снимка, а Манчиќ (64) сега за српските медиуми признава дека се разболела од силниот стрес.
– Никој не ми помогна, освен неколку пријатели и децата. Во еден момент им реков никому да не кажуваат дека сум нивна мајка, а мојата Наталија ми рече: „Јас сум горда што си моја мајка“. Тоа се некои работи што ве воздигнуваат. Никогаш не знаете што ве чека во животот, но мора барем пред себе да бидете чисти. Од силниот стрес добив зголемен холестерол, но, добро поминав, можеше да биде и многу полошо – раскажува Манчиќ.
Познатата водителка вели дека во тоа време ѝ било исклучително тешко, со оглед на тоа што поради смртта на нејзината мајка, веќе била емоционално разнишана.
– Се чувствував како да ме обесиле гола среде Теразије. Поради смртта на мајка ми, јас веќе бев емотивно потресена, а моите две девојчиња беа во критичните години на пубертетот. Тие требаше да одат на училиште, а јас морав секој ден да излегувам на улица. Се чувствував засрамено и никогаш не ми било потешко во животот, но уште потешко ми беше, бидејќи некои тврдеа дека самата јас сум го објавила видеото во јавноста – рекла Манчиќ.
Во тоа време, атрактивната Сузана веќе пет години се гледала со грчкиот банкар Симеон Оцомокос, нејзиниот сегашен сопруг.
ФОТО: Инстаграм