Најчудните закони за сексот: Во Будимпешта е забрането водење љубов под сијалица, затвор не ви бега ако гледате порно во Израел
Скоро во секоја земја постои закон кој забранува секс на јавно место. И тоа така треба да биде и е целосно оправдано. Но, верувале или не, во светот постојат и многу апсурдни закони поврзани со сексот, а кои не се баш сфатливи.
Ви пренесуваме дел од нив:
Уругвај – Ако мажот ја фати жена си како го изневерува, тогаш може да одбере два начина за казнување. Изборот е навистина тежок – може да ја убие својата жена и љубовникот или него да го кастрира, а неа да ѝ го исече носот.
Аризона – Оваа американска држава забранува повеќе од 2 дилда во домот. Не е наведено како полицијата прави проверка.
Кливленд – Овде, на жените им е забрането да носат лаковани чевли.
28 држави во САД – Во нив е забранет орален секс. И овде не е наведено како полицијата прави проверка.
Англија – Ако во Лондон ве фатат како имате секс на мотор – може да завршите зад решетки. Забранет е и секс на една ноќ.
Хаваи – Забранет е секс помеѓу малолетници. Ако ве фатат, вашите родители ќе мора да работат 3 години за државата затоа што воспитале слободоумен дечко/девојка.
Кина – Непишано правило во Кина е дека жените не смеете да ги гледате во голи стапала.
Обединети Арапски Емирати – Нежности и бакнувања во јавност се строго забранети.
Израел – Ако гледате порно филмови може да завршите и 3 години во затвор.
Унгарија – Пред да имате секс во Будимпешта – изгаснете светло. Имено, сексот е одобрен само ако се одвива во темница.