НА ЧЕТИРИКРАТНИОТ ШАМПИОН НА ТУР ДЕ ФРАНС МУ „ПУКНА“ СРЦЕТО НА ТРЕНИНГ Со хеликоптер беше однесен во болница

192

Британскиот велосипедист Крис Фрум претрпе сериозна повреда откако падна за време на тренинг, изјави неговата сопруга Мишел. На четирикратниот победник на Тур де Франс му е дијагностициран пукнат перикард, заштитна кеса околу срцето.

– Очигледно ова е многу посериозно од само неколку фрактури. Тој е добро, но ќе биде долго закрепнување. Нема да може да вози велосипед некое време – изјави за Ројтерс сопругата на велосипедистот.






Фрум падна за време на тренинг во Франција. Тој по падот, со хеликоптер беше однесен во болница.

Четириесетгодишниот Фрум е четирикратен шампион на Тур де Франс (2013, 2015, 2016, 2017), победник на Џиро д’Италија (2018) и Вуелта а Еспања (2017). Тој, исто така, двапати освои бронза на Олимписките игри во поединечна трка (2012, 2016).

Поврзани содржини