На четири вида храна е откриено присуство на коронавирусот
Испитувањата утврдиле дека вирусот може да преживее на сирова храна и на пакувањата неколку дена, дури и една недела.
Центрите за контрола и превенција на болести и Светската здравствена организација наведуваат дека можноста за зараза по пат на храна, односно со допирање на контаминирани површини е многу ретка и дека главниот начин на ширење на ковид-19 и натаму е блискиот контакт.
Но, случаи на контаминација во фабриките за преработка и пакување на храна ги потикнаа владите и здравствените заедници да го истражат тој проблем. Кина утврдила дека траги на вирусот се пронајдени на неколку примероци на увезено месо и морски плодови од Латинска Америка. Со испитувања утврдиле дека вирусот може да преживее на сирова храна и на пакувањата неколку дена, па дури и една недела.
По ова се појавија и неколку слични случаи, а за сите заедничко било дека вирусот е пронајден на смрзната храна и се чини дека ниската температура овозможува вирусот да преживее. Досега се откриени неколку вакви случаи.
Лосос
Во јуни кинеските власти следеле низа случаи на коронавирус до ресторан во Пекинг. Во првите известувања се наведува дека вирусот наводно се проширил од даска за сечење храна која се користела за подготовка на сиров лосос.
Новата студија на земјоделскиот факултет во Јужна Кина и на земјоделската академија Гуангдонг потврдиле дека на смрзнати примероци на лосос се откриени траги на вирусот. Истражувачите тврдат дека вирусот преживеал до осум дена на температура помала од 4 степени Целзиусови.
Пилешки крилца
Во август кинеските власти известија дека пронашле траги на вирусот на смрзнати пилешки крилца од Бразил. Месото е тестирано на граница. За среќа ниту еден случај на зараза меѓу луѓето не е поврзан со производите, а медицински експерт од кинескиот универзитет во Хонг Конг претпоставуваат дека честичките на вирусот веројатно дошле од амбалажата на месото.
Шкампи
Уште една латиноамериканска земја поврзана со контаминирана храна е Еквадор. Во кинеската покраина Анхуи утврдено е дека замрзнатите шкампи увезени од еквадор имаат траги на вирусот на пакувањето.
Свинско месо
Во студијата од Ирска и од Сингапур која ја испитувала стапката на преживување на коронавирусот на неколку видови месо, вклучително и свинското, утврдено е дека вирусот преживеал најмногу три недели од контаминацијата на разладени примероци на 4 степени Целзиусови и на смрзнати примероци од -20 до -80 степени Целзиусови. Истражувачите изјавиле дека иако ризикот од пренесување на луѓето во такви случаи е минимален, сепак и натаму постои потенцијал за избивање на болеста, пренесува EatThis.