🎥 НАЈЧЕ ГО НАРЕЧЕ БУНТУР ГЛУП КО ТОЧАК Само глупирање во „Само вистина“
Јас со глупи како точак… извинете, изберете друг пат соодветен соговорник за мене. Ова е глуп човек - рече професорката Мирјана Најчевска и го напушти студиото на Канал 5.
Телевизиската дебата меѓу професорката Мирјана Најчевска и лидерот на Македонски концепт Петар Богојевски-Бунтур воопшто не личеше на телевизиска дебата.
Најчевска во еден момент го напушти студиото, испровоцирана од, како што рече, однесувањето на Богојевски.
Ги упати зборовите „глуп си ко точак“.
– Вие се изгубивте и вечерва не знаете што говорите. Искрено ми е жал за вас, истакна претседателот на Македонски концепт.
Најчевска го извади микрофонот и порача:
– Јас со глупи како точак… извинете, изберете друг пат соодветен соговорник за мене. Ова е глуп човек – рече Најчевска и го напушти студиото.
Петар Богојески се јави со коментар по завршувањето на емисијата:
„Почитувани граѓани, дозволете да се извинам за поведението на госпоѓа Најчевска во текот на денешната дебата на ‘Само Вистина’ на Канал 5 Телевизија. Се надевам дека е сѐ во ред со неа, ѝ посакувам добро здравје и да најде спокој во иднина“, напиша Богојевски.
Но, и Најчевска не остана покуса и објасни зошто одлучила да го напушти студиото на Канал 5.
„Излегов од емисијата на Канал5 ‘Само вистина’ бидејќи имам нулта толеранција за глупост и незнаење и ширење лажни вести (што го правеше Петар Богојевски – професор кој не разликува Совет на Европа од Европски совет и кој Бајден го нарекува комунист и шири лажни информации за тоа зошто и како бил осуден синот на Бајден без да прави разлика меѓу осуден претседател на држава и осуден син на претседател на држава, и …) и пред сѐ заради тоа што новинарката која ја водеше емисијата (Елизабета Галевска) не успеа да препознае отворени навреди кои кон мене ги изрече Богојевски и се стави на негова страна (давајќи му несразмерно повеќе време во емисијата). Со ова изјавувам дека во иднина веќе нема да гостувам во ниту една емисија на Канал 5. И немам намера воопшто да разговарам со ниту еден поддржувач на криминалецот Доналд Трамп кој во моментов стана претседател на САД“, напиша Најчевска.
Во продолжение, проследете го видеото на кое е прикажан моментот кога Најчевска го напушта студиото на Канал 5.