НА БУГАРИНОТ ИВАН МУ СЕ ЗАКАНУВА ЗАТВОР, МОЛИ ЗА ПРОШКА! Туристот кој се потпиша на Колосеумот го чека солена казна

Му објаснивме на Иван дека може да добие затворска казна од две до пет години и парична казна до 15.000 евра, вели инспекторот Мартина.

1,554

Туристот Иван Димитров од Бугарија кој ги налути Италијанците со врежа своето име и името на својата девојка на ѕидовите на 2000 години стариот  Колосеумот во Рим, сега моли за прошка. Роберто Мартина од италијанската полиција изјави дека неговите колеги разговарале со Иван Димитров и дека тој се извинил и изразил искрено каење за стореното.

– Тој нѐ контактираше откако го добивме неговиот мобилен број од евиденцијата на хотелот и оставивме порака да ни се јави. Беше загрижен за правните импликации и му беше објаснето сѐ. Му рековме дека казната ќе биде испратена на негова адреса во Велика Британија, а потоа целата работа ќе оди на суд, веројатно на почетокот на следната година и тој ќе може лично да му се извини на тамошниот суд – изјави Мартина.






Инспекторот додаде дека не го прашале зошто го направил тоа, бидејќи тоа ќе треба да му го каже на судијата, само му рекле дека е осомничен и под истрага.

– Ова не важи за неговата девојка, иако технички и таа би можела да се смета за соучесник. Обвинителот ќе одлучи за тоа откако ќе ја завршиме истрагата која не би требало да трае предолго бидејќи главен доказ е оригиналната снимка од горенаведеното инцидент – објасни Мартина.

Мартин откри и дека Иван бил многу вознемирен поради тоа што го направил, дека постојано се извинувал и дека е загрижен за последиците од неговото однесување.

– Му објаснивме дека може да добие затворска казна од две до пет години и парична казна до 15.000 евра – вели инспекторот Мартина.

Поврзани содржини
na