На будале им пишуе на чело!

Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.

1,317

РЕПРИНТ (Објавено во „Дневник“ на 25.11.1998 година)

На вре­ме­то, во екот на сан­кци­и­те на ме­ѓу­на­род­на­та за­ед­ни­ца спре­ма на­ши­от се­ве­рен со­сед, ко­га Фа­на­ри­о­ти­те (од па­ни­чен страв за име­то) ни ја зат­во­ри­ја јуж­на­та гра­ни­ца, пој­дов по соп­стве­на ини­ци­ја­ти­ва „на му­а­бе­та кај г. Гли­го­ров (то­гаш бев прет­се­да­тел на Ли­га­та за де­мок­ра­ти­ја, па мо­жев, од­вре­ме-нав­ре­ме, да си го доз­во­ла­м тој лук­суз) и го пра­шав: „Гос­по­дин прет­се­да­те­ле, до ко­га ма­ке­дон­ска­та гра­ни­ца кон Гр­ци­ја ќе фун­кци­о­ни­ра на принцип на ос­мот­ски при­ти­сок? (што ќе ре­че: принцип на по­луп­ро­пуст­ли­вос­т – гра­ни­ца­та е зат­во­ре­на за нас, но не и за Гр­ци­те).






Иа­ко со­се­ма доб­ро раз­бра што има­м на ум, Прет­се­да­те­лот ме пра­ша што, спо­ред ме­не, би тре­ба­ло да сто­ри Ма­ке­до­ни­ја. Рет­ри­бу­ти­вец, ка­ков што ме дал Гос­под, под­гот­ве­но воз­вра­тив: „Ви­е сте прав­ни­к и го зна­е­те ос­нов­ни­от принцип на ме­ѓу­на­род­но­то јав­но пра­во: ре­цип­ро­ци­тет! Во мо­мен­тот ко­га Гр­ци­ја ре­ши­ла да ја зат­во­ри гра­ни­ца­та, та­а мо­ра да би­де зат­во­ре­на во обе­те на­со­ки. Тре­ба ит­но да се зат­во­ри и на­ша­та гра­ни­ца за Гр­ци­те. При­тоа, ни­кој на све­тов не­ма да ни за­ме­ри де­ка пра­ви­ме неш­то над­вор од пра­ви­ла­та на од­не­су­ва­ње ме­ѓу су­ве­ре­ни зем­ји”.

По оби­чај, г. Гли­го­ров се сог­ла­си де­ка принци­пот е ја­сен и ни доз­во­лу­ва да по­ста­пи­ме та­ка, ар­но ама (се­ко­гаш има ед­но „ама”, што му го ра­си­пу­ва к’сме­тот на чу­пе­то!) то­а мно­гу ќе им наш­те­те­ло на „сим­па­ти­и­те што све­тот ги од­гле­ду­вал за Ма­ке­до­ни­ја”. Ја оче­ку­вав та­а при­каз­на: „Си зе­ма­м сло­бо­да да пра­ша­м (се раз­би­ра, до­кол­ку не е држав­на тај­на), кол­ку ми­ли­о­ни до­ла­ри вле­го­а во ова­а зем­ја на смет­ка на ти­е пла­ме­ни сим­па­ти­и што све­тот ги од­гле­ду­ва за Ма­ке­до­ни­ја?”. И уш­те пот­се­тив де­ка и Гр­ци­ја и Ун­га­ри­ја и Ро­ма­ни­ја (за дру­ги­те не зна­ев) си нап­ла­ти­ја обесште­ту­ва­ње на смет­ка на сан­кци­и­те спре­ма Ми­ло­ше­виќ, са­мо ни­е не до­бив­ме ниш­то, за­чу­ву­вај­ќи го уба­ви­от впе­ча­ток врз при­ја­тел­ски­от свет, кој ни име­то не ни го приз­на­ва.

Од­го­во­рот на прет­се­да­те­лот на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја бе­ше де­ка не би­ло сѐ во па­ри­те! Се раз­би­ра, во жи­во­тот на еден чо­век (па и на ед­на зем­ја) не е сѐ во па­ри­те: има ра­бо­ти што не се пла­ќа­ат со па­ри, а што че­сен, мо­ра­лен чо­век (су­ве­ре­на зем­ја што држи до по­и­мот на су­ве­ре­нос­та и соп­стве­но­то држав­но дос­то­инство, не по­ма­лу) се­пак мо­ра да ги сто­ри. Ина­ку, не е чо­век дос­тоен за по­чит. Ина­ку, не е држа­ва дос­тој­на за по­чит!

Ток­му за­тоа, Ма­ке­до­ни­ја не сме­е­ше да че­ка две го­ди­ни и ку­сур за Гр­ци­ја да сфа­ти оти Ма­ке­до­ни­ја мо­же да пре­жи­ве­е и без не­а (а про­цен­ка­та бе­ше де­ка не­ма да из­држи­ме „ни пет­на­е­сет де­на”). Ток­му за­то­а што не е сѐ во па­ри­те, ни­е мо­ра­ше да по­ка­же­ме де­ка сме су­ве­ре­на зем­ја и де­ка зна­е­ме што е то­а ме­ѓу­на­ро­ден по­ре­док, де­ка сме под­гот­ве­ни да го по­чи­ту­ва­ме, но де­ка то­а тре­ба да го пра­ва­т и на­ши­те со­се­ди.

Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.

***

Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.

Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.

Поврзани содржини