ОТКАКО МУ СЕ РАСПАДНА БРАКОТ, НАЈЗГОДНИОТ МАЖ СОСЕМА СЕ ЗАПУШТИ Живее во приколка (ФОТО)
Овие фотографии со голема брзина се раширија низ светот, а обожавателите се прашуваат што му се случило на актерот.
Целиот свет се шокираше кога еден од најзгодните актери на планетата, Џејсон Момоа, објави дека се разведува од 54-годишната сопруга Лиза Бонет. Имено, тие важеа за најскладната двојка и често јавно зборуваа јавно колку се сакаат и поддржуваат.
Меѓутоа, иако сѐ изгледаше идилично, реалноста била далеку од тоа. По четири години брак, а 16 години вкупно заеднички живот, тие решиле да стават точка. Џејсон ја сподели оваа вест со следбениците на Инстаграм.
Веднаш потоа стана мета на папараците кои го следат секој негов чекор за да го „уловат“ со нова девојка. Меѓутоа, она што го фотографирале ги шокирало обожавателите на актерот.
Имено, тој изгледа целосно запуштено, но сепак не ја симнува насмевката од лицето. Исто така, тој го променил i местото на живеење, па сега живее во камп-приколка паркирана во дворот на куќата на негов пријател во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
Камп-приколката во која спие откако се раздели од сопругата е паркирана само неколку километри подалеку од куќата во која живеел со Лиза и нивните деца.
Не е познато дали официјално се отселил од куќата, но на лицето на актерот не се гледа загриженост поради моменталниот начин на живот и сместувањето во кое ги поминува деновите.
Момоа и Бонет ја потврдија веста со соопштениет преку социјалните мрежи:
„Сите го почувствувавме притисокот и промените на овие трансформациски времиња. Револуцијата се случува и нашето семејство не е исклучок. Се чувствува и порасна поради сеизмичките поместувања што се случуваат. И така, решивме да ја споделиме веста да се разведеме. Ова не го споделуваме затоа што мислиме дека вреди да се објави во вестите, туку за да можеме достоинствено и искрено да го продолжиме животот. Љубовта меѓу нас не одржува и развива на начин на кој сака да бидеме познати и живеени. Се ослободуваме еден со друг за да бидеме она што учиме да станеме. Нашата посветеност е непоколеблива кон овој свет живот и кон нашите деца. Ги учиме децата колку што е можно повеќе да живеат со молитва. Нека преовладува љубовта. J&L“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм