На болничко лекување во ковид центрите има 467 пациенти
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 169 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град и во болниците низ земјава е 467 и има околу 680 празни болнички кревети во ковид центрите.
По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 29 пациенти, позитивни и суспектни на ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 28 пациенти.
– На инфективното одделение во Тетово има 7 пациенти, во Велес се лекуваат 33 болни, а во Куманово 47 пациент позитивeн и суспектни на Ковид 19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 30 пациенти, во Прилеп 21, во ковид центарот во Гостивар 9, а во Струга 16 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 15 пациент, во Кочани 11 во Кичево 6, Кавадарци 8, а во Гевгелија 4 лица позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти – се вели во сооштението од МЗ.
Оттаму додаваат дека поради намалениот број на болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти. Исто така во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во Скопје се хоспитализирани 15 нови пациенти поради компликации од корона вирусот. Вкупно 169 лица сомнителни и потврдени за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во главниот град.
– Во последното деноноќие, на Интерните клиники имало едем прием. Во ковид центарот во ГОБ 8 Септември имало 10 примени пациенти и 4 биле примени на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во текот на вчерашниот ден – велат од министерството за здравство.
Во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациент 37
– Во ковид центрите на Интерните клиники се лекуваат 35 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 62 болни, а на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби лежат 72 пациенти. Вкупно 169 пациенти потврдени и сомнителни за ковид-19 се лекуваат на инфективните одделенија во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка – стои во денешниот извештај.
Бројот на приеми во изминативе денови се намалува и утрово до 8 часот имало 130 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.
Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.