Богатството на најбогатите руски бизнисмени е намалено за 83,4 милијарди долари од почетокот на 2022 година.
Според новиот индекс на милијардери на „Блумберг“, богатството на Владимир Потанин, претседател на холдингот „Интерос“ и рударската компанија „Норникел“, сега изнесува 29,8 милијарди долари, што е за 1,08 милијарди долари помалку од почетокот на годината.
Леонид Микелсон, претседател на управниот одбор на „Новатек“, изгубил пет милијарди долари од јануари 2022 година и неговото нето богатство се проценува на 27,4 милијарди долари.
Алексеј Мордашов, првиот човек на „Северстал“, сега има 21,1 милијарда долари, односно 7,78 милијарди долари помалку отколку на почетокот на годината.
На листата се најдоа и претседателот на управниот одбор на „НЛМК“, Владимир Лисин со богатство од 20,2 милијарди долари по загуба од 7,8 милијарди долари, потоа поранешниот извршен директор на „Лукоил“ Вагит Алекперов, кој е „полесен“ за 1,86 милијарди долари, и сопственикот на „Металоинвест“, Алишер Усманов, со загуба од 3,38 милијарди долари.
Еден од најголемите акционери на „Новатек“, Генадиј Тимченко, загуби 8,35 милијарди долари, додека поранешниот неизвршен директор на најголемиот светски производител на ѓубрива, групацијата „Еурохем“, Андриј Мелниченко, загубил 3,88 милијарди долари во изминатите десет месеци.