НАЈБОГАТИТЕ АМЕРИКАНЦИ СТАНАА УШТЕ ПОБОГАТИ Се збогатија за 2 трилиона долари

Федералните резерви ги дефинираат најбогатите 1% од американските граѓани како оние чие лично богатство е повеќе од 11 милиони долари. Комбинираните нето средства од таа класа се зголемија за околу 2 трилиона долари во последниот квартал од минатата година.

234

Најбогатите Американци лани станаа уште побогати и сега се „тешки“ вкупно 44,6 трилиони долари (44.600 милијарди) благодарение на скоковите на берзата, јави Си-Ен-Би-Си, повикувајќи се на нови податоци од Федералните резерви.

Федералните резерви ги дефинираат најбогатите 1% од американските граѓани како оние чие лично богатство е повеќе од 11 милиони долари. Комбинираните нето средства од таа класа се зголемија за околу 2 трилиона долари во последниот квартал од минатата година.






Тоа во голема мера се должи на растот на берзата кон крајот на годината бидејќи вредноста на акциите на корпоративните и на заедничките фондови во сопственост на најбогатите граѓани на САД се зголеми од 17,65 трилиони долари на 19,7 трилиони долари.

И Американците од средната класа наводно забележале зголемување на своето богатство, но податоците на Федералните резерви покажаа дека најбогатите имаат најголема корист од скокот на берзата.

Според Си-Ен-Би-Си, најбогатите 10% од Американците поседуваат 87% од индивидуалните акции и заеднички фондови, од кои половина им припаѓаат на оние кои го сочинуваат најбогатиот 1%, кои поседуваат и 30% од вкупното богатство.

Со ова продолжува берзанскиот бум што почна во 2020 година во екот на пандемијата на Ковид-19, според Си-Ен-Би-Си.

Оттогаш, нето богатството на најбогатите еден процент порасна за околу 15 трилиони долари или речиси 50 отсто.

Поврзани содржини