НАЈБОГАТИОТ ЕВРОПЕЕЦ ПРОТИВ ДАНОКОТ НА БОГАТИТЕ ОД 2% Арно смета дека тоа е смртоносна офанзива против економијата на Франција

Бернар Арно, основачот и директор на луксузниот конгломерат LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton изјави за Sunday Times, верува дека данокот би го поткопал моделот на либерална економија, кој, според него, е единствениот што им користи на сите граѓани.

919

Најбогатиот човек во Европа и моден магнат Бернар Арно остро се спротивстави на евентуалното воведување данок на богатство во Франција, предупредувајќи дека таков потег би имал катастрофални последици за економијата.

Основачот и директор на луксузниот конгломерат LVMH Moët Hennessy Louis Vuitton изјави за Sunday Times дека предложениот данок од 2% на целиот имот е повеќе политичка порака отколку економско решение.






-Тоа би била смртоносна офанзива врз нашата економија. Јас сум секако најголемиот индивидуален даночен обврзник и еден од најголемите професионални даночни обврзници преку компаниите што ги водам – рече Арно.

Тој верува дека данокот би го поткопал моделот на либерална економија, кој, според него, е единствениот што им користи на сите граѓани.

– Ова очигледно не е техничка или економска дебата, туку јасно изразена желба за уништување на француската економија. Не можам да верувам дека политичките сили што владеат или владееле со земјата можат да дадат каков било кредибилитет на оваа смртоносна офанзива – вели  Арно.

Неговата изјава доаѓа во време кога дебатата за праведноста на оданочувањето и улогата на најбогатите во финансиската стабилност на земјата се интензивира во Франција.

Идејата за данок на богатство вредно над 100 милиони евра ја предложи професорот по економија Габриел Цукман, а таа доби на значење во последните месеци поради политичката криза и напорите на владата да спроведе непопуларни буџетски намалувања.

Според проценките, таков данок би можел да донесе до 20 милијарди евра годишно. Сепак, некои економисти предупредуваат дека во реалноста би се собрало многу помалку – можеби околу 5 милијарди – ако ултрабогатите почнат да ја напуштаат Франција.

Поврзани содржини