НАЈБОГАТАТА СРПСКА НАСЛЕДНИЧКА ГО ПРОСЛАВИ РОДЕНДЕНОТ ВО ПАРИЗ Ема Цептер ги дувна свеќите со круна на главата

Посвоената ќерка на Филип Цептер, Ема, го прослави својот 25-ти роденден во градот на светлината, Париз, а на својот профил на Инстаграм ја опиша вечерта како „Ноќ за паметење“

241

Посвоената ќерка на Филип Цептер, Ема, го прослави својот 25-ти роденден во градот на светлината, Париз. За оваа пригода таа, според фотографиите што ги објави на својот профил на Инстаграм, облекла црн мини фустан, а за да изгледа што е можно поелегантно, на рацете носела проѕирни црни ракавици. Додека посакувала роденденска желба и ги дувала свеќите, на главата имала – круна.

Пред да оди на вечера, Ема позира во прегратка на маж за кој се претпоставува дека е нејзин партнер. На пат кон ресторанот, таа сподели колку е возбудена со зборовите „Ноќ за паметење“.






Декорацијата за нејзината забава беа златни балони со бројот 25, а славеничката доби и голем букет цвеќе.

Инаку, за животот на Ема не се знае многу освен она што го покажува на социјалните мрежи.

– Таа влезе во нашите животи еден декемвриски ден во 2000 година и веднаш се смести во нашите срца, каде што отвори простор што претходно го немаше. Убаво е кога човек може да се реализира како креатор, а потоа да стане родител, а уште поубаво е кога можеш да исправиш неправда и да создадеш љубов наместо болка. И првото и второто ми се случија мене – рече еднаш нејзината мајка Мадлен.

Одговарајќи на прашањата што ги поставија нејзините следбеници на Инстаграм, Ема еднаш рече дека не знае кои се нејзините биолошки родители.

Таа живее луксузен живот, често престојувајќи во странство, а следбениците на социјалните мрежи ја следат на секој чекор – од нејзините патувања и модни комбинации до друштвените настани на кои се појавува. Како член на истакнато семејство, многумина веруваат дека таа ќе наследи значаен дел од семејното богатство во иднина.

Ема патува исклучиво со приватен авион, а дестинациите што ги посетува се главно на Азурниот Брег. Најчесто тоа е во Монте Карло, едно од најбогатите места во Европа, Париз, Лондон…

Поврзани содржини