НАЈБИЗАРНИТЕ РАБОТИ ШТО ГИ ПРАВИМЕ СО МАСКИТЕ Пет непријатни навики во кои уживаат вирусите
Ова се најбизарните начини на контаминација – за валкање на маските. За ова нема да бидете казнети, но размислете колку е опасно ова што го правите, пред сè, за вас.
Маските кои не штитат од коронавирусот не треба да се носат цел ден, односно да се менуваат, да се ставаат со чисти раце, полека без да се допираат … Но, во пракса често ги прекршуваме овие правила и на тој начин се изложуваме на опасности, но не само од короната!
Ова се најбизарните начини на контаминација – за валкање на маските. За ова нема да бидете казнети, но размислете колку е опасно ова што го правите, пред сè, за вас.
„Валкан бакнеж“
„О, јас немам маска“ – се слуша извик на дечко пред продавница. Пријател му ја фрла маската „Еве ти, ама ја искористи и Владо да знаеш“ (се смее).
Оваа група млади мажи очигледно ја гледаат маската само како обврска, а не како заштита. Напротив, среде епидемијата ризикуваат да си ја префрлат короната еден на друг. И не само короната, туку и грипот, настинката, жолтицата, мононуклеоза – спектарот е широк.
Претпоставуваме дека навистина не би се согласиле да разменуваат телесни течности со бакнеж, како што тоа го прават со капките што ги оставаат на маската.
Ова може да се случи и непланирано – бидете многу внимателни каде ја оставате вашата маска и не мешајте ја со туѓата. Можете исто така да ја означите на некој начин …
„Мрсна маска“
Некои луѓе се толку штедливи што се чини дека не ја менуваат маската со недели.
Тоа веднаш се гледа – маската е мрсна, малите влакна се кинат, а заштитата станува потенка и речиси проѕирна.
Ова не само што е бизарно, туку и дефинитивно нехигиенски.
„Размачкана маска“
Маската ја сметаат за обврска и оние кои ја „мачкаат“ по џебот или уште полошо, по паричникот. Меѓу валканите пари таа се трие и потоа се става на лицето.
Дали би залепиле пари преку уста?
„Маска која ја носиме под брадата или на подлактницата“
Маската која малку се лизга на брадата, малку на устата и носот, носи ризик да стане носител на самата инфекција, бидејќи со рацете што ја допираме се потенцијално контаминирани.
Но, постои и полоша варијанта – маската да се носи на подлактниците и надлактиците. Така, маската станува еден вид моден детал, таа е секогаш при рака, но – нема ефект за спречување на заразата.
Со неа само можете да ги истакнете и вашите бицепси, сите ќе ги погледнат.
„Заборавена маска“
Има маски кои ги носиме, а потоа ги оставаме – во преградата на вратата од автомобилот, во разни фиоки, на полиците … Маската се заборава, на неа почнува да паѓа прашина, а потоа во недостаток на друга, се зема истата и се искористува.
Можеби не е полна со вируси, но грините во неа направија вистинска империја.