На Белградскиот саем денеска се вакцинирани 6.446 граѓани
Весиќ оцени дека денеска бил добар ден за Белград кога е во прашање вакцинацијата.
На Белградскиот саем денеска се вакцинирани 6.446 граѓани, меѓу кои и странци, соопшти заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ.
– Вакцината на „АстраЗенека“ ја примиле 5.299 лица од кои повеќето се странци – рече Весиќ за агенцијата Бета, додавајќи дека се ревакцинирале 1.147 лица.
Според него, во БелЕкспо Центарот се вакцинирале 2.629 граѓани.
Најголем дел од странците допатуваа во Белград од земјите од бивша Југославија.
Весиќ оцени дека денеска бил добар ден за Белград кога е во прашање вакцинацијата.
Денеска и утре во Белград ќе се вакцинираат вкупно 7.500 стопанственици од регионот во организација на Коморскиот инвестициски форум.