На Белград му се заканува ново „заклучување“
Според најновите податоци, од вкупниот број на тестирани во Србија во последните 24 часа, повеќе од 80 проценти од заразените се од Белград.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по препорака на Кризниот штаб, треба да ги соопшти вечерва најновите, остри мерки за Белград заради коронавирусот, дознава „В92.net“.
Како што им било потврдено, Вучиќ вчерва треба да ги објави тие мерки, за време на неговото гостување на „РТС“, а сето тоа поради многу неповолната епидемиолошка состојба во главниот град на Србија.
Според најновите податоци, од вкупниот број на тестирани во Србија во последните 24 часа, повеќе од 80 проценти од заразените се од Белград.
Вечерва, по состанокот на Кризниот штаб, претседателот на Србија ќе ја објави конечната одлука за нови ригорозни мерки за сузбивање на епидемијата во главниот град.
Според информациите, Кризниот штаб размислува за повторно воведување на полициски час во вечерните часови, или целосно затворање на Белград, што ќе значи забрана за влез и излез од градот.