НА БЕБИЊАТА ИМ СЕ ПОТРЕБНИ ЛУЃЕ, НЕ ЕКРАНИ! Kако премногу време поминато пред екраните може да му наштети на вашето дете?
Изложеноста на екрани ги одвлекува бебињата од активности што му помагаат на нивниот мозок да се развие, како што се играта и интеракцијата со други деца и возрасни.
Дали знаевте дека негативните ефекти врз бебињата и малите деца, како резултат од премногу време поминато пред екраните се движат од намалена концентрација до намалена емпатија?
Карлота Нелсон, режисерка на документарецот „Brain Matters“, истражува зошто премногу време поминато пред екран може да биде штетно за бебињата и зошто е важно да им се обезбеди на децата да уживаат во вистински искуства, надвор од екраните.
Во денешниот свет каде што технологијата и медиумите играат голема улога, многу родители ги користат екраните за да ги забавуваат или да им го одвлечат вниманието на своите мали деца. Екраните го привлекуваат вниманието на децата, дозволувајќи им на родителите да се одморат.
Какви се ефектите од екраните врз мозокот на детето и колку време пред екран треба да поминуваат прочитајте ТУКА.