📽 НА АВИОНОТ МУ ИСПАДНА ТРКАЛОТО НА ПОЛЕТУВАЊЕ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС! Нови проблеми за Боинг
И покрај проблемот, авионот успеал безбедно да слета во Денвер, а испаднатото тркало било пронајдено во Лос Анџелес. Ова е веќе трет инцидент со тркала на авиони на Боинг оваа година.
Авион „БОИНГ 757-200“ на „Јунајтед ерлајнс“ го загуби тркалото на опремата за слетување при полетување од меѓународниот аеродром во Лос Анџелес. И покрај проблемот, тој успеа безбедно да слета во Денвер.
„Тркалото е пронајдено во Лос Анџелес, а истрагата за причините за овој инцидент е во тек“ – соопштија од Јунајтед ерлајнс.
Портпаролот на Боинг изјави за АФП дека авионот бил испорачан пред 30 години и дека производството на моделот било прекинато во 2004 година.
A United Airlines Boeing 757-200 lost a wheel while taking off from Los Angeles. The airline confirmed the jet landed safely in Denver and the wheel was later recovered. pic.twitter.com/yXZEUOi5BV
— The Project (@theprojecttv) July 9, 2024
Ова е веќе трет инцидент со тркала на авиони на Боинг оваа година. Во март, Боинг 777 принудно слета во Лос Анџелес, откако при полестувањето му испадна гумата на едно од тркалата. Авион на Јунајтед ерлајнс полета од Лос Анџелес во Јапонија со 249 луѓе, но веднаш се врати на аеродромот.
Друг инцидент се случи во јануари, кога предното тркало падна од патнички авион Боинг 757 на Делта Ер Лајнс додека чекаше да полета од меѓународниот аеродром во Атланта во САД.
Боинг неодамна се согласи да се изјасни за виновен за обвиненијата за заговор за измама поврзани со падот на двата авиони 737 Max во кои загинаа 346 патници и членови на екипажот. Боинг се согласи да плати казна од 243,6 милиони долари поврзани со катастрофи во Индонезија и Етиопија во 2018 и 2019 година.