НАЈАВЕНО ЗАОСТРУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ Во кафеaна само со две дози на вакцина

Според Филипче, целта и на ваквото заострување на мерките е што поголем број граѓани да се вакцинираат и да не останат само на една доза со која им беше овозможен влез во ресторани, кафеани и настани.

2,243

Според министерот за здравство Венко Филипче наскоро се очекува заострување на мерките против ковид-19, така што експертите за имунизација подготвуваат укинување на дозволениот влез во ресторани и на настани за лица кои примиле само една доза. Влезот ќе биде дозволен само за комплетно вакцинирани лица.

На денешната прес-конференција Филипче најави дека оваа мерка ќе почне да се применува откако ќе биде оставен доволен период за граѓаните да ја комплетираат вакцинацијата.






– Експертите за имунизација имаат работни состаноци, во некој период, а ќе се остави најмалку еден месец, како критериум за јавни настани ќе биде потребно граѓаните да се целосно имунизирани. Тоа ќе се воведе по соодветна анализа на бројот на имунизирани граѓани со една доза и анализа на потребниот период за втора доза – рече министерот Филипче.

Според него, целта и на ваквото заострување на мерките е што поголем број граѓани да се вакцинираат и да не останат само на една доза со која им беше овозможен влез во ресторани, кафеани и настани.

Мерката само вакцинирани со барем една доза да можат да влегуваат во ресторани, на јавни настани и во трговски центри стапи на сила на 16 август, па според најавите на министерот заострувањето би требало да стапи на сила некаде на средината на септември.

Поврзани содржини