НАЈАВЕН ЕЛЕКТРИЧЕН ЦЕНОВЕН ШОК ОД 38 ОТСТО Како ќе пресечат регулаторите пред Нова година?
Енергетските компании веќе ги прикажаа трошоците и побараа до 100 отсто зголемување на цената на струјата. РКЕ треба да одлучи што од нивните трошоци ќе прифати пред крајната одлука за цената.
Енергетските компании веќе доставија пресметки за тоа колку им пораснале трошоците во исминатиот период со барање за зголемување на цената на струјата за крајните потрошувачи. Регулатоната комисија до крајот на месецов ќе одлучи колку од овие трошоци ќе признае и ќе одлучи колкава ќе биде цената за домаќинствата. Најавено е зголемување, но засега не се знае за колкав процент.
Според она што го побарале енергетските компании може да се очекува зголемување од околу 38 отсто, но регулаторите имаат механизми да определат понизок процент.
ЕВН – Електродистрибуција веќе доставила барање за 100 отсто зголемување поради големите загуби во мрежа и високите берзански цени на струјата, што би значело 34 отсто зголемување на крајната сметка за струја. Се очекува да пристигне и барањето од МЕПСО, кои веќе најавија дека нивните пресметки покажуваат 60 отсто поголеми трошоци, што би значело дополнителни зголемување од 4 отсто на крајната сметка. Освен МЕПСО, се очкеува и барањето на ЕВН Хоум.
– Побарано е 100 отсто пред се зголемени трошоци за загуби кои вклучуваат 140 милиони евра поради надворешни влијанија, нема нови вработувања таму. И доколку се прифати 33 – 34 отсто на крајна цена. Доколку е така крајна цена дополнително 4 отсто, значи без ЕВН 37-38 отсто зголемување – изјави Марко Бислимовски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.
Останува отворено прашањето и дали по Нова година ќе има и дневна евтина тарифа.
Бислимовски објаснува дека тоа ќе зависи од повеќе фактори и допрва ќе се анализира дали ќе се укине или не, со цел да нема дополнителен ценовен шок за домаќинствата.