НА АНГЛОСАКСОНЦИТЕ ИМ Е ПОТРЕБНА ВОЈНА Захарова демантира дека Русија планира инвазија во Украина

Портпаролката на Кремљ вели дека Белата куќа е хистерична околу прашањето.

1,257

Хистеријата во Белата куќа зборува погласно од кога било. На англосаксонците им е потребна војна. По секоја цена изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

Таа ги осуди проценките на Вашингтон дека руска инвазија на Украина може да започне во било кој момент..






– Провокации, дезинформации и закани се префериран метод за САД и нивните сојузници во решавањето на сопствените проблеми. Американската воено-политичка машина е повторно подготвена да мине низ животите на луѓето. Целиот свет гледа како се разоткриваат милитаризмот и империјалните амбиции – рече Захарова.

Во последните неколку месеци западните земји ја обвинија Русија за наводен план за напад на Украина. И покрај повеќекратните негирања на овие тврдења од страна на Москва, САД и нивните сојузници во НАТО продолжуваат да го зајакнуваат своето воено присуство во Источна Европа.

Официјално лице од Пентагон, сепак, тврди дека војниците кои наскоро ќе заминат во Полска се испратени таму само за да ги бранат сојузниците на НАТО.

Поврзани содржини