НА АЛТЕРНАТИВА Ѝ ТРЕБА УШТЕ ЕДЕН ДЕН Одложена седницата на Централниот одбор на партијата

Од партијата појаснуваат дека одложувањето се должи на тоа што денес ќе бидат погребите на 45-те настрадани луѓе во сообраќајната несреќа во Бугарија.

616

Партијата Алтернатива за утре ја одложи седница на Централниот совет на треба да одлучува дали ќе биде дел од Владата.

Седницата првично беше планирана за вечерва. Од партијата појаснуваат дека одложувањето се должи на тоа што денес ќе бидат погребите на 45-те настрадани луѓе во сообраќајната несреќа во Бугарија.






Партискиот портпарол Орхан Муртезани соопшти дека седницата на Централниот совет на Алтернатива ќе се одржи в сабота во 18 часот во партиското седиште во Тетово.

Лидерот на партијата Африм Гаши досега имаше три средби со претседателот на СДСМ Зоран Заев на кои се дискутираше за учество на Алтернатива во Владата и поддршка на нивните четворица пратеници.

Поврзани содржини