На академик Али Алиу и професорот Џеват Лоши ќе им биде доделена наградата „22 Ноември“

Оваа награда се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјата.

242

Одборот за доделување на државната награда „22 Ноември“ во недела  ќе ја додели наградата за 2020 година на годинашните добитници професор д-р Џеват Лоши, албанолог и академик Али Алиу, книжевен критичар.

Оваа награда се доделува за признание на луѓе од политичкиот, културниот и општествениот живот во Република Северна Македонија, кои дале свој придонес во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебното разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјата.






На 22 ноември се одбележува како Ден на албанската азбука, бидејќи на тој датум во 1908 година албански интелектуалци од Балканот, на битолскиот конгрес ја унифицирале албанската азбука.

Како што информирааа од Собранието денеска, церемонијата на доделување ќе се одржи во недела со почеток во 12.00 часот во собраниската Кристална сала.

 

 

Поврзани содржини