НА ЈАДА МУ ТРЕБАА 52 СЕКУНДИ ЗА ВЛЕЗ ВО ФИНАЛЕТО Македонскиот нордијец се пласираше на 89 место од 94 натпреварувачи

Со постигнатото време Jада го освои 89 место од вкупно 94 натпреварувачи и не избори пласман во финалето.

492

Првиот македонски натпреварувач што настапи на Зимските олимписки игри 2026, Ставре Јада, имаше симболичен настап и не успеа да избори пласман во финалето на спринт трката во крос-кантри скијање.

Јада настапи во претпладневните квалификации, на патека долга 1,6 километри, која ја помина со време од 3 минути, 59 секунди и 56 стотинки, што беше 52,19 секунди послабо од најбрзиот натпреварувач во квалификациите.






Со овој резултат, македонскиот скијач го освои 89. место од вкупно 94 натпреварувачи, со што остана без пласман меѓу најдобрите.

Во финалната фаза се пласираа 30 натпреварувачи, а последниот кој обезбеди место во продолжението имаше време од 3:18.73 минути, значително побрзо од резултатот на Јада.

И покрај елиминацијата, настапот на Ставре Јада останува запишан како историски, бидејќи тој е првиот Македонец што настапил на Зимските олимписки игри 2026, што само по себе претставува значаен момент за македонскиот зимски спорт.

Поврзани содржини