НА АЦА ЛУКАС НЕ МУ ДОЗВОЛИЛЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО ШВЕДСКА Не е познато зошто е задржан од граничната полиција

126

Популарниот пејач Аца Лукас бил приведен од граничната полиција во Гетеборг, дознава српскиот таблоид Курир, повикувајќи се на неофицијални извори.

Лукас требало вечерва во Гетеборг да одржи концерт заедно со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гиле Јашарспахиќ.






Додека Раста и Гиле без проблем ја поминале пасошката контрола и влегле во Шведска, на Лукас, од засега непознати причини, му бил забранет влез во земјата. Тој бил задржан на дополнително испрашување, по што била донесена одлука да не му се дозволи влез. Во моментов, наводно се наоѓа под надзор и ја чека понатамошната процедура.

Неофицијално, се очекува негова депортација во наредните часови.

Организаторите на концертот во Гетеборг се соочуваат со сериозен проблем, имајќи предвид дека Лукас бил една од главните ѕвезди на вечерта. Засега не е познато дали настанот ќе биде откажан или ќе се одржи без него.

Од тимот на пејачот не се огласиле во врска со инцидентот.

Поврзани содржини