На аџилак во Мека само со вакцина за ковид-19

Владата во Ријад подвлече дека вакцинацијата против коронавирусот ќе се смета за главен услов за учество во аџилакот во Мека.

215

Министерството за здравство на Саудиска Арабија денеска соопшти дека муслиманите кои сакаат да извршат аџилак оваа година ќе треба да докажат дека се вакцинирани против ковид-19.

Владата во Ријад подвлече дека вакцинацијата против коронавирусот ќе се смета за главен услов за учество во аџилакот во Мека, кој сите муслимани кои можат, треба да го направат еднаш во животот.






Во соопштението не се прецизира дали и оваа година на аџилакот ќе можат да учествуваат само аџии од Саудиска Арабија.

Минатата година само мал број аџии од Саудиска Арабија добија дозвола да учествуваат.

Оваа година, петдневниот аџилак почнува кон крајот на јули.

Поврзани содржини