На Ајан му се исполни новогодишната желба ВИДЕО
Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи, но и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан!, напиша Филипче.
Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека малиот Ајан оздравен и замина дома од Клиниката за детски болести.
„Ајан за Нова година ми шепна дека има само една желба – да си оди дома! Конечно Ајан истрча и со нетрпение ѕвонеше на ѕвончето колку што може посилно, да слушнат сите дека оздраве и дека победи, но и дека сега ништо нема да го сопре! Браво Ајан! Благодарност до целиот медицински тим на Клиниката за детски болести, кои го даваат својот максимум за грижата за нашите најмали и најмили. Горд сум на вас“, напиша Филипче на објавата на Фејсбук.